Данило ќе игра на „Стемфорд Бриџ“

0

Англискиот фудбалски шампион, Челзи, постигна принципиелен договор со дефанзивецот Данило од екипата на Реал Мадрид.

Тој ќе направи трансфер во Лондон за сума од 30 милиони евра. Данило стана дел од „кралевите“ во 2015 година за 31,5 милиони евра, но, не успеа да се наметне за првата постава.

Пред извесен период се појави информација дека Данило може да го купи Јувентус за 20 милиони, но, тоа не се оствари. Бразилецот во претходната сезона  одигра 17 натпревари во кои постигна еден гол и имаше две асистенции.

Share.

Leave A Reply