Дарио Ивановски позитивен на Ковид-19, нема да учествува на ЕП во Полска

0

Дарио Ивановски нема да настапи на престојното Европско првенство во сала поради тоа што е позитивен на Ковид-19. Нашиот најдобар атлетичар со нетрпение го очекуваше и овој настап, но инфекцијата со Ковид-19 го спречи во намерите.

Ивановски пред извесно време ја освои балканската титула на 3000 метри на шампионатот во Истанбул  итребаше оваа недела да настапи на европскиот шампионат во Торун, Полска.

Share.

Leave A Reply