Дарушафака го купи 19-годишниот Анте Жижиќ

0

Еден од турските тимови кои годинава јуришаат на самата завршница на кошаркарската Евролига, екипата на Дарушафака, обезбеди ново засилување во тимот. Од вчера „зелените“ на Дејвид Блат во своите редови го имаат и младиот хрватски кошаркар Анте Жижиќ.

19-годишниот Жижиќ се приклучува на екипата на Дарушафака откако беше избран на драфтот во НБА лигата од екипата на Бостон, но повторно се врати во својата Цибона каде играше во последните три сезони. На 20 меча оваа сезона во загрепскиот тим Жижиќ имаше просек од 9,2 скока по меч.

Share.

Leave A Reply