Давид Луиз добива нов договор во Челзи

0

Раководството на Челзи е подготвено да започне преговори со бразилскиот дефанзивец Давид Луис за нов договор. Менаџерот Маурицио Сари е исклучително задоволен од искусниот дефанзивец и останува да се договорат за нова соработка која ќе го задржи во клубот уште долго време.

Луис имаше проблеми со поранешниот тимски ментор Антонио Конте, но сега неговата ситуација е исклучително поволна и тој е важен дел од првиот тим.

Неговиот сегашен договор ќе истече во летото следната година. Челзи сака да потпише нов двегодишен договор со плата од 125.000 фунти неделно.

Share.

Leave A Reply