Давидовски тргнува во светски поход

0

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски по 20 сезони извозени во македонскиот и српскиот шампионат, во 2018 година ќе настапува во светскиот „TCR“ шампионат.

„После толку многу години поминати на балканските патеки, дојде време Македонија да ја претставиме на светско ниво. Полека, но сигурно се подготвуваме за наредната сезона, автомобилот е уплатен, ќе имаме на располагање еден од првите 25 автомобили од најновата генерација на „Honda Civic Type R TCR.” – изјави Давидовски кој во изминатиот викенд настапи со „Seat Leon TCR V2 DSG“ на трка на издржливост која се одржа на легендарната Ф1 патека Спа Франкоршамп.

„Зацртавме цел, дојдовме и ја постигнавме. Јас не дојдов да бркам пласман бидејќи прв пат седнувам во автомобил со овие спецификации, единствена цел беше тренинг и тест. За да одиме во светскиот „TCR“ шампионат треба да склопиме перфектно организиран и сериозен тим и затоа моментално сме сконцентрирани на тоа поле.“ – вели Давидовски

 

Share.

Leave A Reply