Давитков го објави списокот за Косово

0

Селекторот на репрезентацијата во машка сениорска конкуренција, Јорданчо Давитков, излезе со скратен список на кошаркари повикани за репрезентативните активности кои претстојат кон крајот на тековниот месец ноември.

Сениорите, кои веќе имаат две победи од два одиграни натпревари во втората фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021, ќе го одиграат третиот натпревар во рамки на вториот прозорец, против Косово на 2. декември во Гевгелија.

Сениорите ќе одржат краток собир в Скопје (28. ноември, 20:00, СЦЈС), а потоа ќе заминат за Гевгелија каде ќе продолжат со активности до одигрување на натпреварот.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

Војдан Стојановски

Дамјан Стојановски

Александар Костоски

Дарко Соколов

Адем Мекиќ

Бобан Стајиќ

Андреј Магдевски

Димитар Караџовски

Марко Симоновски

Стојан Ѓуроски

Бојан Трајковски

Љубомир Младеновски

Бојан Крстевски

Андреј Маслинко

Шејн Витингтон

Share.

Leave A Reply