Давитков ќе остане селектор откако МКФ го скрати перидот за подготовки

0

Јорданчо Давитков ќе остане на селекторската позиција откако челниците на мак-кошарката решија подготовките за новите квалификации да траат само две недели а не 40-тина денови како што беше претходно објавено.

Давитков имаше проблем со неговиот клуб Ал Кадсија за да одговори на барањето за 40-дневни подготовки па дури и најави негово заминување од репрезентацијата. Сега како што стојат работите, тој сепак ќе ги води нашите играчи на дуелите со Косово (13)  и Романија (16 спетември).

„Во консултација со новиот правилник на ФИБА и должноста на клубовите да ги ослободат за репрезентативни обврски 72 часа пред почетокот на претквалификациите, раководството на МКФ заедно со актуелниот селектор, Јорданчо Давитков, дојде до одлука да се продолжи соработката за целиот циклус на подготовки“ – се вели во соопштението од МКФ.

 

Share.

Leave A Reply