Давитков и МКФ ќе разговараат за селекторските обврски

0

На денешната прес конференција, Јорданчо Давитков, селекторот на А-репрезентацијата на Македонија објави дека поради клупски договор е неизвесно неговото појавување на селекторската позиција за преостанатиот дел од подготовките и настапите на нашата репрезентација во квалификациите за ЕП 2021.

Тој вели дека и натаму е во разговори со челниците на Македонската кошаркарска федерација и во наредниот период и ќе се донесе одлука за неговата иднина во репрезентацијата.

„Отсекогаш сум сакал чисти сметки, па и сега. Одигравме добар циклус, се пласиравме во другата рунда и сега не чека нов циклус квалификации. Јас уште по крајот на првенството каде што сум во Кувајт, имав разговори со клубот во луѓето. Начелно беше постигнат договор, кој пред некое време се реализира. Во тој договор инсистирав да бидам слободен во ноември и февруари, според прозорите на ФИБА. Луѓето тоа го одобрија. Но сега ако ние имаме подготовки од 35 дена, не можам да бидам цело време овде. Тешко е да се очекува дека клубот би дозволил вакво нешто. Ќе мора во наредните денови да ја разгледаме ситуацијата“, изјави Давитков.

Share.

Leave A Reply