Давитков: Нема калкулации, мора да победиме

0

Македонската кошаркарска репрезентација ја очекува нов меч од претквалификациите за ЕП. В недела во Скопје гостува Словачка, против која веќе славевме на гости: Селекторот Давитков и капитенот Стојановски, на денешната прес-конференција најавија атак на победа.

„Не очекува натпревар на кој нема што да калкулираме. Победивме кај нив, треба да победиме и дома. Тие имаат солиден тим, имаат еден екстра играч Курич кој е извонреден шутер и неколку искусни играчи и се една солидна селекција, но мислам дека мора да ја завериме оваа победа. За мене е многу битно да одиме чекор по чекор и се надевам дека ќе се вратиме таму каде што ни е местото“, вели Давитков на денешниот прес.

Капитенот Војдан Стојановски вели дека во никој случај не смееме да се опуштиме по фактот дека ги победивме на гости.

„Најбитно е да не се опуштиме. По победата таму, нема да биде лесно. Мора да одиграме максимално за да ја завериме победата“, вели Војдан.

Share.

Leave A Reply