Давитков се врати на кормилото на Македонија

0

Јорданчо Давитков ќе го преземе кормилото на нашата кошаркарска репрезентација и ќе се обиде да не врати на победничките патеки и на големите меѓународни натпреварувања.

„Се надевам со ангажман на сите вклучени и со помош на федерацијата дека ќе успееме да ја вратиме македонската репрезентација на местото кое и прилега. Сакам да му се заблагодарам на МКФ за укажаната доверба во мене за повторно да бидам селектор“ вели Давитков.

„Без двоумење ја прифатив понудата да бидам селектор. Одиме чекор по чекор, првин да ги поминеме претквалификациите а потоа ќе гледаме да продолжиме со работата“, вели Давитков.

Share.

Leave A Reply