Давитков задоволен, сега на ред е Естонија

0

Кошаркарите го совладаа Косово и остана во игра за место во квалификациите за СП 2018. Конечно, во третиот претквалификациски меч одигравме добар меч и победата дојде во вистинско време. Селекторот Јорданчо Давитков по мечот го изрази своето задоволство од победата, но најави дека исто толку важен ќе биде и последниот меч со Естонија на гости.

„Тежок меч на психички план. По просечното прво полувреме, во вториот дел конечно погодивме шутеви што ги промашувавме и имавме желба за победа. Се на се, заслужена победа. Сакавме да победиме над пет разлика, го постигнавме тоа. Одиме на следниот меч кој одлучува. Им кажав пред средбата на играчите, овој меч е за нас и за никој друг. Работевме и трениравме цело лето. Среќни сме што победивме“, изјави Давитков.

Share.

Leave A Reply