Де Бруин и честита на Франција, Погба очекува да биде шампион а Ловрен вели дека Хрватска е подготвена за голем успех

0

Белгискиот репрезентативец и играч на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, му честиташе на францускиот тим за вчерашната победа и пласманот во финалниот меч. Според играчот на „црвените ѓаволи“, двете селекции прикажале добар фудбал. -Тоа беше тежок натпревар. Двете репрезентации имаа блескави монети. Победникот го реши само еден прецизен удар со глава, вели Де Бруин.

Играчот  на Франција, Пол Погба, очекува неговата селекција да се врати со победничкиот пехар од Мундијалот во Русија. „Галските петли“ вчера славеа против Белгија со 1-0 и влегоа во големото финале. -Ќе дадам се од себе за да станам светски шампион. Мислам дека на мечот со Белгија имавме добра тактика, – искоментира Погба.

Хрватскиот играч од одбраната, Дејан Ловрен, потенцира дека треба да се заборави на заморот по тешките мечеви во досегашната фаз аи да се размислува само за победа на денешниот меч со Англија. -Целосно сум подготвен, истото можам да го кажам и за моите соиграчи. Знаеме што е пред нас , затоа мораме да го заборавиме целиот замор и да ја искористиме шансата, – потенцирал Ловрен.

 

 

Share.

Leave A Reply