Де Бруин е подготвен и ќе може да игра против Барнли

0

Играчот од средниот ред Кевин де Бруин е подготвен да игра за Манчестер Сити на натпреварот против Барнли во Премиер лигата во Англија, пишува „Скај Спортс“.

Менаџерот на англискиот шампион, Пеп Гвардиола, ја потврди веста дека белгискиот репрезентативец ја санирал повредата на коленото.

27-годишниот напаѓачки играч од средниот ред се повреди во август, а од тогаш нема одиграно ниту еден натпревар.

Манчестер Сити се среќава со Барнли во сабота на стадионот „Етихад”, а во моментов „Граѓаните“ го заземаат првото место на табелата со 20 бодови  колку што имаат Челзи и Ливерпул на дела на првата позиција.

Share.

Leave A Reply