Играчот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин го коментираше поразот на „граѓаните“ во дербито од 27. коло на Премиер лигата против Манчестер Јунајтед (0:2).
„Очигледно е дека натпреварот го започнавме многу лошо. Знаевме дека ќе биде тешко. Промашивме на самиот почеток, а тоа знаеше да го казни Манчестер Јунајтед и ни требаа околу 15 минути да се смириме малку. После тоа игравме прилично добро, но не постигнавме гол пред крајот на полувремето. И на самиот почеток на второто полувреме на средбата направивме грешка и го примивме вториот гол.
Не е најдобриот почеток на натпреварот ако во рок од една минута по почетниот свиреж имате негатива. Но, имавме уште 90 минути да ја свртиме работата во наша корист. Вториот гол не вознемири малку повеќе, но мислам дека желбата и одлучноста на нашиот тим беа исти како и секогаш. Не е многу пријатно да се изгуби на дерби, но понекогаш се случува. Мора да продолжиме понатаму, а во среда ќе имаме нов натпревар. Понекогаш треба да изгубите. Дури и за време на нашата серија без пораз, имавме неколку тешки ситуации, но потоа ги надминавме, а денес не. Дури и во пораз, можете да најдете позитива“, изјави Де Бруин за „Би-Би-Си“.