Де Бруин сака да игра за Андерлехт

0

Белгискиот фудбалски репрезентативец, Кевин де Бруин, кој настапува за англискиот елитен состав Манчестер Сити, откри дека има голема желба да настапува за екипата на Андерлехт.

Искусниот играч кој дејствува во средината на теренот со офанзивни задачи, потенцирал дека откако ќе ја заврши кариерата во Премиер лигата сака да се врати во татковината.

28-годишниот играч од средниот ред кој потекнува од школата на Генк, се надева дека ќе работи повторно со Винсент Компани кој во текот на летово ги напушти „граѓаните“ и ја доби улогата на в.д. тренер во тимот на Андерлехт.

Share.

Leave A Reply