Де Бруин сака нов договор со „Сити“ и поголема плата

0

Кевин Де Бруин изјави дека не брза да потпише нов договор со Манчестер Сити, а неговиот агент Патрик Де Костер изјави дека ќе сака неговиот клиент да добие повисока плата, која би била приближна до онаа на Нејмар во ПСЖ. Бразилецот добива 515,000 фунти неделно во Париз.

Де Костер коментираше дека платата на Нејмар и Килијан Мбапе создаде нова „слика” за платите на фудбалерите. Де Бруин е во втората година од шестгодишниот договор со Сити и добива по 6 милиони годишно. „Мојот агент веќе се сретнал со раководството на клубот. Наскоро ќе има разговори, но јас сум трпелив. Има време, не се грижам”, изјави белгискиот фудбалер.

Кевин е во одлична форма од почетокот на сезоната, но вели дека не обрнува внимание на пофалните зборови: „Не ме интересира. Морам да си ја вршам мојата работа. Во фудбалот постојат подеми и падови, но мора да ја најдете средината. Само сакам да уживам во играта” заврши Де Бруин.

Share.

Leave A Reply