Де Геа: „Шмајхел извини, но сега јас сум број 1“

0

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа, го коментираше неговиот успех, поставен на гостувањето од 34. коло од англиската Премиер лига со Астон Вила (3-0).

Шпанецот стана шампион по бројот на натпревари одиграни за „црвените ѓаволи“ како странски играч (399), надминувајќи ја бројката на легендарниот голман на клубот Питер Шмајхел (398).

„Му се извинувам на Шмајхел. Ова е одлично, тоа значи дека играм овде долго време и го правам тоа многу добро. Многу сум горд. Драго ми е што поминав толку многу натпревари во овој клуб. Се надевам дека ќе учествувам на уште 400 средби за Јунајтед !  Многу сум среќен ! “ – изјави за прес службата на „црвените ѓаволи“ Давид де Геа кој е во Манчестер Јунајтед од 2011 година.

Share.

Leave A Reply