Играчот од средниот ред на Ајакс Франки де Јонг влезе во групата на својата екипа за мечот против Јувентус кој е реванш четвртфинален дуел од Лигата на шампионите
Пред неколку дена, идниот играч на Барселона заработи повреда и се очекуваше дека нема да биде во подготвен за натпреварот во Торино, но тој на крајот тргна со своите соиграчи за Италија.
За медиумите во Холандија, неговиот менаџер објасни дека Де Јонг ќе му биде достапен на тренерот. „Френки е здрав и мислам дека ќе може да игра. Неговата замена во саботата беше превентивна. Болката во нозете никогаш не била сериозна. Шокот се покажа поголем од самата повреда”, рече агентот.
Фидбалерите на Ајакс ќе тренират вечерва на стадионот „Алијанц“, а мечот со Јувентус се игра утре во 21 часот. Првиот натпревар во Амстердам заврши 1:1.