Де Лихт се враќа во составот на Јувентус по 3 месеци пауза

0

Дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт , кој пропушти околу три месеци поради повреда на рамото, се врати во составот и се подготвува за следната средба од италијанската Серија А, соопшти прес-службата на клубот од Торино.

Холандскиот фудбалер имаше изместување на десното рамо на крајот на 2019 година. Операцијата беше одложена до крајот на сезоната 2019/20. Причината за одложувањето на операцијата може да биде тоа што во тоа време беа повредени и Џорџо Киелини и Демирал. Јувентус стана шампион на Италија. Со 83 поени пред најблискиот ривал Интер кој имаше бод помалку.

Во следната рунда од италијанскиот шампионат, Јувентус е домаќин на Каљари, натпреварот се игра утрвечер, а избраниците на Андреа Пирло се на 5-то место на табелата со 13 поени.

Share.

Leave A Reply