Де Роси гледа со респект кон Португалците

0

Капитенот на фудбалскиот состав Рома, Даниеле Де Роси, в пресрет на мечот со Порто во првата елиминацикса фаза во Лигата на шампионите, изјави дека противникот има големо искуство кога станува збор за меѓународната конкуренција.

„Искуството е значаен фактор а Порто е навикнат да игра такви натпревари. Сега не размислуваме за тоа што се случило во минатото. Треба да се подготвиме за утрешната средба. Секогаш велам дека ќе продолжам да играм додека имам доволно сила. Соиграчите и тренерот зборуваат дека моето присуство е значајно„ – вели Де Роси.

„Нашиот тренер има сопствена визија за фудбалот и знае што сака од тимот. Бидејќи не играме секогаш добро тренерот мора да пронајде нови опции” рече 35-годишниот играч од средниот ред.

Share.

Leave A Reply