Фудбалерот на Рома, Даниеле Де Роси, ќе мора да направи пауза од околу три седмици што е добра вест за тренерот, Клаудио Раниери, имајќи в превид дека првичните прогнози беа многу полоши.
Имено, капитенот на „римската волчица“ го повреди колено на првенствениот меч против Удинезе а лекарите стравува дали ќе може воопшто да се врати на теренот до крајот на сезоната. Сепак, деталните медицински прегледи утврдија дека тој по 20-тина дена пауза ќе може да се врати во тренинг процес.
Де Роси нема да игра против Интер, Калјари и Џенова, но, сигурно ќе биде во комбинација за настап против Сасуоло и Парма како и за дербито против Јувентус.