Фудбалерот на Рома, Даниеле Де Роси, беше пресреќен по вчерашната победа против Барселона со 3-0 која ја однесе „волчицата“ меѓу најдобрите четири екипи на Стариот континент.
„На првиот меч се виде дека Барселона го нема квалитетот од минатото. Тогаш постигнавме два авто-гола и немавме среќа во одредени ситуации. Знаевме дека поразот од 4-1 не е реален“ – изјави играчот на Римјаните.
„Пред почетокот на мечот им реков на соиграчите дека треба да веруваат во успех. Фановите беа извонредни а нашиот тренер смисли одлична формација е успех. Беше тешко да се постигнат три гола и да се зачува сопствената мрежа, но, успеавме и сега треба да се радуваме“ – вели Даниеле Де Роси.