ДеАндре Џордан имал сообраќајка

0

Центарот на Лос Анџелес Клиперс, ДеАндре Џордан имал сообраќајна незгода. Според ESPN, 28-годишниот кошаркар направил сообраќајка додека се обидувал да стигне на аеродром за да отпатува со својот тим на мечот од регуларниот дел од сезоната против екипата на Њу Орлеанс.

Како што известија медиумите, Џордан нема сериозни повреди. Со него наводно бил и Крис Пол, но тој претходно пристигнал на аеродромот. Засега нема информации дали и колку средби би можел да пропушти Џордан од тековната сезона во НБА лигата.

Share.

Leave A Reply