Дебакл: Вардар демолиран од Веспрем (27-41)

0

Очајна партија и вистински дебакл. Вака може да се опише настапот на ракометарите на Вардар на денешниот прв осминафинален меч од Лигата на шампионите против Веспрем во Скопје. Унгарците го торпедираа тимот на Алушовски и во меч во кој Вардар во двете полувремиња прими по 20 гола, беше јасно дека за успех нема збор.

Веспрем заминува од Скопје со историски висока победа од 41-27, а Вардар уште во првото полувреме го положи оружјето на пат кон четврфиналето (11-21). Меч во кој кај „црвено-црните“ не може да се издвои ништо позитивно, а Веспрем може мирно да се подготвува за четвртфиналето, затоа што реваншот со Вардар ќе биде само формалност.

Share.

Leave A Reply