Еурофарм Работник стартуваше со победа во дебитантската сезона во СЕХА Гаспром лигата. На домашен терен пред битолската публика, Еурофарм Работник однесе значајна победа над рускиот новајлија Спартак Москва со 34-29.
По лошото отворање на мечот кога Спартак имаше предност од неколку гола, следуваше стабилизација на играта на четата на Алушовски и до крајот на полувремето битолчани направија предност од 2 гола (15:13).
Стјепановиќ со 10 гола беше најефикасен кај домашните, додека кај Спартак 8 гола постигна Деревен.