Дејвис и Леброн го преземаа врвот во Западот

0

Кошаркарите на ЛА Лејкерс, пак, ја остварија 12. победа оваа сезона и со тоа го презема лидерското место на Западот. „Езерџиите“ во својата сала беа подобри во дербито од Оклахома со 112:107 во меч во кој Ентони Дејвис царуваше под кошевите реализирајќи 34 поени. Леброн Џејмс додаде 25 во победата на момците од Калифорнија.

Голден Стејт Вориорс, пак, конечно дојдоа до победа по седум последователни порази. Тие синоќа славеа над Мемфис Гризлис во меч на гостински терен со 95:114.

РЕЗУЛТАТИ:

Мемфис – Голден Стејт 95:114

Њу Орлеанс – Портланд 115:104

Сакраменто – Феникс 120:116

ЛА Лејкерс – Оклахома 112:107

Share.

Leave A Reply