Нашите млади каратисти кои имаа успешен настап на Медитеранските игри во Анталија, денeска беа гости во Агенцијата за млади и спорт.
Директорот, Дарко Каевски, им се заблагодари на младите спортисти, нивните тренери и на федерацијата, бидејќи потврдија дека се нашата најуспешна федерација а каратето е најуспешниот спорт. Ќе потсетиме дека од нашата експедиција најуспешен беше Фахик Весели, кој стана медитерански шампион во категорија до 67 килограми за помлади сениори (У21).
Одличен резултат имаше и Бојан Костов со бронзен медал во -52 кг за кадет, а со пласмани на 5. место завршија: Доан Османи во категорија –75 кг за помлади сениори, Владанка Аврамова во ката за јуниори и Јована Манчевска во ката за кадети.