Дел Пјеро: „Наполи не е главен конкурент на Јувентус“

0

Поранешниот фудбалер и „легенда“ на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, не го смета Наполи за главен ривал на неговиот поранешен клуб во борба за титулата. Според него, тоа е Интер, кој вечерва гостува на стадионот Алијанц во дербито од ова коло во Серија „А“.

„Пред неколку години тврдев дека Интер е најголемиот ривал на Јуве. Оваа година можам и да потврдам дека клубот е солиден, тренерот добро ја познава серија А и тимот е силен”, изјави Дел Пјеро за „Газета Дело Спорт“.

Разликата помеѓу двата тима во моментов е 11 поени во корист на тимот од Торино.

„Јасно е дека само Јувентус може сам да направи нешто и да влезе во лоша серија за да го изгуби Скудето”, додаде легендата, истакнувајќи дека ниту еден од конкурентите не е доволно силен за да го задржи темпото на шампионот.

Дел Пјеро е убеден дека Масимилиано Алегри ќе го освои трофејот на Лигата на шампионите: „Јуве веќе покажа дека кога ќе сака нешто да добие, ја постигнува својата цел” заврши Дел Пјеро.

Share.

Leave A Reply