Дел Потро обезбеди четврфинале на US Open

0

Шампионот на US Open од 2009 година, Хуан Мартин Дел Потро успеа да се пласира во четвртфиналето на годинашниов Грен слем откако по голема борба го совлада Доминик Тим од Австрија со 3-2 во сетови, иако противникот водеше со 2-0.

Покрај него синоќа пласманот меѓу осумте најдобри на машкиот турнир го потврди и Роџер Федерер кој беше подобар од Германецот Колшрајбер со 3-0 во сетови, но и Надал и Рублев кои исто така во три сета ги совладаа своите ривали Долгополов и Гофин.

Кај дамите, најмногу работа за да дојде до четврфиналето имаше Американката Кејс која во три сета ја совлада Свитолина, додека Плишкова, Вандевеге и Канепи со победи од по 2-0 се најдоа во следната фаза.

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРФИНАЛЕ:

МАЖИ:

Надал – Рублев

Федерер – Дел Потро

Квери – Андерсон

Буста – Шварцман

ЖЕНИ:

Плишкова – Вандервеге

Кејс – Канепи

В.Вилијамс – Квитова

Стефанс – Севатсова

Share.

Leave A Reply