Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Томас Делејни, нема да игра до јануари поради повреда на зглобот на десната нога, објави денес неговиот клуб.
Делејни настапи на мечот кој Данска го играше со Република Ирска во понеделникот, но мораше да ја напушти средбата по само 13 минути игра.
Борусија Дортмунд го пречекува Падерборн во петок на натпреварот од Бундеслигата, а капитенот Марко Ројс се очекува да се врати во составот.
Неизвесен за настап е дефанзивецот Нико Шулц. Борусија Дортмунд е шестопласирана во Бундеслигата и е со шест бода зад Борусија Менхенгладбах.