Демирел доби нов мадат да ја води ФИБА-Европа

0

Турчинот Тургај Демирел повторно е избран за претседател на ФИБА-Европа, функција на која ќе остане сега до 2023 година.

На Генералното Собрание на ФИБА, Демирел доби нов мандат на функцијата која ја извршуваше и изминативе пет години. Еден од кандидатите на денешните избори за претседател беше и генералниот секретар на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Дејан Томашевиќ кој не успеа да ја добие поддршката од делегатите на Собранието.

Интересно, Демирел претходно беше поддржан од поранешниот претседател на МКФ, Петар Наумоски, но новиот прв човек на македонската кошарка, Перо Антиќ изминативе денови се одлучи да даде поддршка на Дејан Томашевиќ. Генералното собрание на ФИБА-Европа во 2021 година ќе биде одржано во Сараево.

Share.

Leave A Reply