Денеска, ракометарите на Вардар ќе играат против Војводина во новото коло од СЕХА лигата. Дуел во кој Вардар е апсолутен фаворит, но тоа треба да се покаже на терен. Овој дуел сигурно ќе биде шанса и за помладите да добијат минутажа.
„Војводина е екипа која мораме да ја победиме. Играме дома и сме фаворити. Играчите кои го носат товарот цела сезона ќе одморат на овој меч, па ќе остане простор за младите да одиграт и да покажат дека можат повеќе за да обезбедиме уште една победа”, изјави Стоилов.
Средбата против Војводина се игра од 20.15 часот.