Ден за историја, Федерер е повторно на врвот на АТП ранг-листата

0

Денешниот ден ќе биде запишан во историјата на тенисот како ден кога Роџер Федерер повторно се искачи на врвот на АТ П ранг-листата.

Федерер денес и официјално се враќа на врвот откако успеа да собере доволно поени за да го направи својот кам-бек на врвот. Со вчерашната победа на АТП турнирот во Ротердам, односно со самото обезбедување пласман меѓу четирите најдобри на овој турнир, швајцарскиот тенисер ги собра потребните бодови за повторно, по пауза од шест години повторно да биде на врвот на светскиот машки тенис.

Федерер, зад своето име во кариерата има освоено 20 Грен слем титули,а со тоа е убедливо најуспешен на сите времиња, а со 36 години, 6 месеци и 11 дена стана и највозрасниот тенисер во историјата на овој спорт кој стигнал до врвот на АТП листата. Федере одлично ја започна сезоната со освојување на првиот Грен слем турнир, Австралија Опен, а синоќа во финалето во Ротердам со 2:0 го совлада Григор Димитров ид Бугарија.

Share.

Leave A Reply