На Светското првенство во пливање во Гвангжу (Кореја) денеска беа соборени три светски рекорди. Американецот Кејлеб Дрезел во полуфиналето на 100 метри пеперутка имаше време од 49,50 секунди. Тој за 32 стотинки го подобри претходното најдобро време на Мајкл Фелпс поставено пред десет години во Рим.
Американката Реган Смит постави светски рекорд на 200 метри грбно со време од 2:03.34 минути. Таа за 71 стотинка го подобри времето на досегашната рекордерка, Миси Френклин.
Русинот, Антон Чупков, го обезбеди златниот метал на патеката 200 метри градно со нов светски рекорд од 2:06.12 минути. Интересно е тоа што на истата патеката претходниот рекорд беше поставен вчера и тоа Австралиецот, Метју Вилсон.