Денес почнува 46-от „Златен Гонг“

0

Со денешното претпладневно мерење на боксерите и официјално може да се каже дека се е подготвено за почетокот на 46. Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“, а од таборот на нашата репрезентација истакнаа дека сите боксери добро се чувствуваат и се подоготвени да го дадат максимумот во своите борби.

За Македонија на овој турнит ќе настапат: Исак Сулејмани (-52 кг), Алмир Нуришов (-56 кг), Јасин Лама (-60 кг), Лулзим Исмаили (-69 кг), Гоце Јанески и Бобан Илиоски (- 75 кг). На 46.-от „Златен гонг“ во Скопје настапат 52 натпреварувачи од 12 држави, а борбите почнуваат денеска по 16 часот во малата сала на „Вип Арената“ при СЦ „Борис Трајковски“, додека утре по 11 часот се финалните борби за медалите.

Боксерите ќе се натпреваруваат за еден од трите пехари за најдобар боксер на „Златниот гонг“ кој и најпрестижен, за најдобар техничар и за најдобар македонски боксер. Посеби награди добиваат и најдобриот тренер, најдобриот судија и секако најдобриот странски боксер.

Share.

Leave A Reply