Денес во Скопје започнува Светско кадетско првенство (У19) во машка конкуренција, мундијал на кој ќе имаме можност да ги видиме најдобрите ракометни селекции во светот, а меѓу нив и нашата репрезентација.
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) е организатор на ова СП и со тоа им даде шанса на нашите млади ракометари да учествуваат на ова СП и да покажат каде се со својот квалитет во однос на нивните врсници од светот. Селекторот Данило Брестовац очекува да се помине групата и да се игра во 1/8 финале што е реалност, а желба е пласман во 1/4 финале, се останато би било одличен успех за Македонија. Македонија е во релативно лесна (по имиња) група, но вкрстуваме се многу опасни противници.
СП започнува денес од 10.30 часот со првите натпревари, а сите средби се играат во две сали во Скопје, во СЦ „Јане Сандански“ и СЦ „Борис Трајковски“ , влезот е слободен, а Македонија своите натпревари ќе ги игра во СЦ „Борис Трајковски“
Денес на програмата на СП:
Сала: „Јане Сандански“
ГРУПА „А“
10:30 Хрватска – Норвешка
12:30 Шпанија – С. Арабија
14:30 Словенија – Чиле
ГРУПА „Б“
16:30 Шведска – Египет
18:30 Франција – Канада
20:30 Унгарија – Тајпеј
Сала: „Борис Трајковски“
ГРУПА „Ц“
16:30 Данска – Јапонија
18:30 Бахреин – Нигерија
20:30 МАКЕДОНИЈА – АРГЕНТИНА
ГРУПА „Д“
10:30 Исланд – Тунис
12:30 Германија – Португалија
14:30 Србија – Бразил