Денес започнува 27-то издание на традиционалниот Турнир во мал фудбал на медиуми 2019“ во организација на Спортското радио 90,3 ФМ.
Оваа година осум медиуми поделени во две групи ќе одиграат најмалку по три натпревари, а најдобрите две од секоја група ќе се пласираат во ½ финалето. Сепак она што секогаш го одбележува овој турнир е тоа што резултатот не е во преден план, туку дружењето на вработените во медиумите на спортскиот терен. Како организатор, Спортското радио 90,3 ФМ се погрижи да има и многу ревијални натпревари со кој само се збогатува понудата и оваа година.
Денешниот прв ден ни носи неколку интересни средби, па затоа ве покануваме да дојдете да ги проследите во спортската сала „ Архиепископ Доситеј“ во ООУ „Круме Кепески“ во Општина Кисела Вода.
Програма за денес:
ЧЕТВРТОК (12.12.2019)
ТЕРМИН | НАТПРЕВАР | |
19.00 | Ревијална Општина Гази Баба – Ѓорче Петров | |
19.40 | СПОРТСКО РАДИО 90,3 – АЛФА | |
20.20 | МРТВ – АЛСАТ М | |
21.00 | Ревијална – АСТРА КАЗИНО – ЕВН 1 | |
21.40 | МТВ 2 – ТВ 24 | |
22,20 | СИТЕЛ – КАНАЛ 5 |