Денешните мечеви во ЛШ ќе бидат во Англија и во Италија

0

Тимовите на Манчестер Јунајтед и на Севилја вечер од 20.45 часот  ќе започна од нула во реваншот од 1/8 финалето откако првиот натпревар во Шпанија заврши без голови. „Црвените ѓаволи” ќе влезат со голема самодоверба бидејќи во текот на викендот го добија дербито со Ливерпул.

Англичаните години наназад имаат проблеми со шпанските тимови. Вкупниот биланс е негативен за тимот од „Олд Трафорд – 13 победи, 21 реми и 17 порази. Севилја против екипите од Островот има три нерешени и исто толку порази. Тимот на Жозе Мурињо е во серија од пет последователни победи на домашен терен во сите конкуренции. Можни состави. Манчестер Јунајтед: Де Геа, Валенсија, Баи, Смолинг, Јанг, Мактоминај, Матиќ, Мата, Лингард, Лукаку, и Алексис. Севилја: Рико, Ескудеро, Лангле, Кјаер, Меркадо, Нзонзи, Банега, Кореа, Васкез, Сарабија и Мурило. Судија ќе биде Дени Меккој од Холандија.

Вториот денешен меч ќе биде меѓу Рома и Шахтјор Донецк. Средбата ќе биде одиграна во Рим а Украинците имаат предност од 2-1. Влогот е огромен – бидејќи победникот ќе добие 11 милиони евра од наградниот фонд и тоа надвор од досегашниот приход остварен во ЛШ. Во досегашните пресметки, Украинците имаат 4 победи а Римјаните само една и тоа во групната фаза во сезоната 2006/07, кога славеа дома со 4:0. За Рома: Алисон, Фиренца, Манолас, Фацио, Коларов, Наинголан, Де Роси, Строотман, Џенкис, Џеко и Пероти. За гостите најверојатно во првите 11-ет ќе бидат: Пјатов, Исмаили, Ракицки, Ордец, Бутко, Степаненко, Фред, Бернард, Тајсон, Марлос и Фереира. Мечот ќе го води Алберто Маљенко од Шпанија. Денешните натпревари во ЛШ ќе можете да ги следите во вечерниот термин и на Програмата на Спортско Радио 90,3 ФМ.

Share.

Leave A Reply