Денеска ќе заврши турнирот во Индијан Велс

0

Тенисерот од Аргентина Хуан Мартин Дел Потро и Швајцарецот Рожер Федерер ќе се сретна во големото финале на турнирот во Индијан Велс.

Дел Порто во полуфиналето во само два сета го елиминираше Милош Раониќ од Канада со 6-2 и 6-3. Швајцарецот пак до големото финале стигна преку Борна Чориќ од Хрватска. Финалниот меч е предвиден денеска од 21.00 часот.

Претходно од 19.00 часот на истата локација ќе биде реализирано финалето кај дамите. За победничкиот пехар ќе се борат Наоми Осака од Јапонија и Дарија Касаткина од Русија.

 

Share.

Leave A Reply