Денеска ждрепка за осминафиналето во ЛЕ

0

Денеска од 13 часот во Нион ќе се извлекуваат двојките за мечевите од осминафиналето во Лигата на Европа. Според информациите од Извршниот комитет на УЕФА, во оваа фаза руските тимови Зенит или Краснодар нема да можат да се сретнат со украински Динамо Киев.

Освен овие тимови, сите останати ќе можат да играат меѓусебе во оваа фаза. Во осминафиналето на ЛЕ се најдоа: Севиља (Шпанија), Интер (Италија), Валенсија (Шпанија), Наполи (Италија), Челзи (Англија), Ред Бул Салцбург (Австрија), Арсенал (Англија), Динамо З. (Хрватска), Ајнтрахт (Германија), Виљареал (Шпанија), Славија (Чешка), Рен (Франција) и Бенфика (Португалија).

Share.

Leave A Reply