Денот за одигрување на новото првосезонско „Ел Класико“ меѓу шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид е познат веќе одамна, мечот че се одигра на 18 декември, но сè уште во тајност се чува терминот на одигрувањето на дуелот на „Камп Ноу“.
Причината за тоа е – азискиот пазар. Поради бројните фанови на двете екипи во Азија, во последниот период големото дерби на шпанскиот фудбал се играло во терминот 13:00 или 16:00 часот, но многу веројатно е дека овој пат терминот ќе биде ноќен. Од она што го пренесуваат неколку шпански медиуми „Ел Класико“ ќе се игра во вечерен термин од 20:00 или од 21:00, што на еден начин би значело дека Европа ќе ја победи Азијаво односот на тоа кој ќе гледа во подобар термин.
Двете екипи оваа сезона не играат во посакуваната форма, но сепак по 12 одиграни кола во „Ла Лига“ двете екипи се на делба на лидерската позиција со по 25 освоени бодови.