Денвер го продолжува патот кон титулата

0

Кошаркарите на Денвер влегоа во историјата на НБА како првиот тим што успеал во две рунди од плеј-офот да анулира негатива од 3-1 и да продолжи во наредната фаза.

Тие во текот на ноќта славеа во мајсторката против Лос Анџелес Клиперс 104 спрема 89 и успеаа да влезат во конференциското финале на Западот во кое ќе имаат пресметка со Лос Анџелес Лејкерс. Во победничкиот состав Мареј забележа 40 поени додека Јокиќ направи трипл – дабл со 16 поени, 22 скока и 13 асистенции.

На стартот на конференциското финале на Истокот, тимот на Мајами беше подобар од Бостон со 117:114 по продолженијата. Драгиќ забележа 29 поени , седум асистенции и четири скокови.

Share.

Leave A Reply