Борусија (Дортмунд) е заинтересирана за напаѓачот на Олимпик Лион Мемфис Депај, кој треба да го замени Џејдон Санчо, кој се очекува да си замине од клубот.
Името на Англичанецот најмногу се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед, а тој се очекува ова лето да се пресели на „Олд Трафорд“. Депај, е поранешен играч на „црвените ѓаволи“, сака да го напушти Лион, откако тимот не успеа да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона. Според „Билд“ од Борусија Дортмунд се подготвени да понудат околу 40 милиони евра за правата на холандскиот напаѓач.
26-годишниот играч успеа да направи нова добра сезона со тимот на Лион, иако беше прогонуван од повреди во поголемиот дел од сезоната. Тој има одиграно 18 меча во сите натпреварувања, во кои има постигнато 14 гола и забележа уште 2 асистенции.
Од „Сигналот Идуна Парк“, исто така се интересираат за Џонатан Иконе од Лил.