Во еден драматичен натпревар во кој Хрватска и Шпанија се бореа за првото место во групата 1 на крајот немаше победник и мечот заврши со резултат 22:22, а тоа значеше дека европскиот првак Шпанија заради подобра гол разлика како првопласира ќе патува во Стокхолм во разврската за медали.
Првиот дел се играше доста изедначено, а на одмор се замина со минимална предност на Шпанија од 11:12. Вториот дел започна со три гола на Алекс Душебаев и Шпанија направи предност од четири гола разлика (11:15). Хрватската селекција успеа да направи убава серија од 4:0 при резултат 17:21 и да го израмни резултатот, но на крајот немаа сили за да го добијат натпреварот иако Дувњак промаши удар за победа неколку секунди пред крајот на натпреварот.
Најефикасни во репрезентацијата на Хрватска бече Игор Карачиќ со десет гола од 12 удари, а кај Шпанија се истакна Алекс Душебаев со шест погодоци.