Дербито на Милано распродедено, „Џузепе Меаца“ ќе биде полн

0

169-то Дерби на Милано е подготвено да стане најгледан натпревар во Серија „А“ од почетокот на сезоната. Стадионот „Џузепе Меаца“ е целосно распродаден и повеќе од 78.000 луѓе ќе присуствуваат на трибините на овој стадиион за ова дерби.

Приходите од билети за Интер ќе достигнат 5 милиони евра, што нема да го подобри рекордот досега, но ќе го достигне. Од почетокот на сезоната Интер е најпосетуван домаќин. Со своите четири домашни натпревари во Серија „А“ и со натпреварот од Лигата на шампионите со Тотенхем, Интер дојде до 294 233 гледачи, што во просек изнесува 58 846 гледачи по натпревар.

Од друга страна е Милан, кој додега го гледале 178, 855 гледачи во своите четири домашни натпревари со Рома, Аталанта, Киево и Олимпијакос.

И додека Интер е насочен до своите мисли целосно кон дуелот со Милан, навивачите на оваа екипа веќе размислуваат како ќе изгледа стадиното „Џузепе Меаца„ на мечот со Барселона од Лигата на Шампионите. Билетите за големиот дуел од европската сцена се распродадени, а стадионот ќе собере повторно над 78 000 гледачи.

Share.

Leave A Reply