Десеткуваниот Вардар го чека тежок меч

0

Тренерот на ракометарите на Вардар, Едуард Кокшаров, потенцира дека има на располагање само по еден играч на секоја позиција, но, кој и да игра на мечот со Веспрем во Лигата на шампионите, ќе го даде максимумот.

„Имаме проблеми со повредени играчи. Ќе ни треба помош од нашата верна публика за да дојдеме до бодовите на мечот со Веспрем. Нема да можеме да правиме ротации како што сакаме, не можеме да формираме ниту одбрана 6-0, затоа ќе бараме други решенија“ – нагласи тренрот на Вардар на денешната средба со новинарите.

Мечот меѓу „црвено-црните“ и гостите од Унгарија ќе биде одигран в недела од 17.00 часот во СЦ Јане Сандански.

Share.

Leave A Reply