Девет екипи биле лидери на табелата во Премиерлигата оваа сезона

0

Во Манчестер, на стадионот „Етихад“ синоќа се одигра одложениот натпревар од 1. коло на англиската Премиер лига, Манчестер Сити ја совлада екипат ана Астон Вила со 2:0.

Како што објави „ЕСПН“ на својата страница на Твитер, избраниците на Пеп Гвардиола се деветтиот тим кој се нашол на врвот на табелата во Премиер лигата оваа сезона. Лестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Евертон, Тотенхем, Челзи, Саутемптон и Арсенал веќе беа лидери на табелата во Премиерлигата оваа сезона.

За Манчестер Сити кратко траеше престојот на врвот затоа што по неколку часа манчестер Јунајтед победи на гостувањето кај Фулам и се врати на врвот на табелата со 40 бода, два повеќе од Манчестер Сити , но и натпревар повеќе.

Share.

Leave A Reply