Ди Канио: Икарди е плашливец

0

Легендарниот италијански фудбалер, Паоло Ди Канио, го коментираше трансферот на Мауро Икарди во редовите на ПСЖ.

Тој посочи дека Аргентинецот е плашливец и дека максимално му одговара сегашниот состав.

„Мене ме чуди што Анчелоти размислувал да го донесе Икарди во Наполи.Тој е плашливец бидејќи нема храброст а ниту образ да им се извини  на соиграчите за глупостите што ги зборуваше неговата сопруга Ванда Нара. Неговиот трансфер во редовите на ПСЖ воопшто не ме изненадува“ – вели Ди Канио.

Share.

Leave A Reply