Диабала негира дека ќе го напушти Јувентус

0

Фудбалерот на Јувентус, Паоло Диабала, по вчерашната победа против Аталанта во Купот на Италија, јавно ги негираше шпекулациите дека има договорено трансфер со Реал Мадрид вреден 105 милиони евра.

„ Нема никаква понуда, јас немам зборувано со никого за било каква понуда. Навистина сум многу среќен во Јувентус и мојот агент ќе пристигне тука во наредните неколку дена за да дискутира за продолжување на соработката, – изјавил Дибала за „Раи Спорт“, додавајќи дека сака да го следи чекорот на легендарниот играч на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро.

„ Сакам само едно нешто, сакам да ја имам кариерата што ја имаше тој. Јас размислувам само за Јувентус а на крајот одлуката е само моја. Тоа е најзначајното што треба да го знаат фановите“ потенцирал Дибала.

Share.

Leave A Reply