Кошаркарот на Оклахома Сити, Хамиду Диало е победник на натпреварот во забивање на „Ол-стар“ викендот во Шарлот. Тој во финалната рунда славеше против Денис Смит, кој од четири обиди не успеа да го изведе замисленото забивање.
Диало пред финалето изведе таканаречено „лакт забивање“, откако претходно го прелета легендарниот Шекил О’Нил облечен како супермен и доби пет „десетки“. Кошаркарот на Бруклин, Џо Харис е победник во натпреварот за тројки откако освои два бода повеќе Стеф Кари.
На натпреварувањето во вештини титулата ја освои кошаркарот на Бостон Џејсон Тејтум. Тој во финалето го совлада фаворизираниот Тре Јанг од Атланта со кош од половина терен